Земјотрес беше почувствуван вечерва во Скопје и во повеќе делови од земјата, во 22:06 часот.
Епицентарот на земјотресот, според првичните проценки, се наоѓал во пограничниот појас меѓу Македонија, Албанија, Србија и Косово.
Засега нема официјални информации за евентуални материјални штети или повредени лица. Надлежните служби се очекува да излезат со дополнителни податоци по направените анализи.
