Слаб земјотрес беше почувствуван во Солун во средата попладне.
Според ревидираната проценка на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри североисточно од Калохори и бил со јачина од 2,6 Рихтер и со фокусна длабочина од 15 километри.
Земјотресот бил почувствуван во области во западниот дел од Солун.