Земјотресот на Камчатка 

Земјотресот на Камчатка, со јачина од 8,8 степени, што се случи на 30 јули, предизвика ерупција на вулкан, цунами и тешки штети на клучни пристаништа и воени бази на Далечниот Исток на Русија.

Епицентарот на потресот бил само 120 километри од Виључинск – главната база на руската Тихоокеанска флота. Таа база е дом на стратешки нуклеарни подморници од класата Бореј и Бореј-А, вооружени со интерконтинентални ракети Булава. Според Геолошкиот завод на САД, тоа бил шестиот најсилен земјотрес во историјата на мерењата.

Покрај цунамито, земјотресот предизвикал ерупција на вулканот Кључевскаја Сопка, пукнатини на патиштата и оштетувања на згради и морска инфраструктура. Најтешко погодени биле пристаништата Петропавловск-Камчатски и Рибачи, како и целиот Авачки Залив.

На руските социјални мрежи се појавија видеа со штети на пристаништето Петропавловск-Камчатски. Специјализираниот портал „Воената зона“ објави дека поради близината до епицентарот, можно е и Виључинск да претрпел сериозни последици.

(ВИДЕО) Китови исфрлени на брег по земјотрес: Морничава сцена во Татејама

Молк од Москва за ефектите 

Иако руското Министерство за одбрана сè уште не коментираше, на руските социјални мрежи се појавија видеа на кои се гледа штетата на пристаништето Петропавловск-Камчатски. Со оглед на тоа што Виључинск е уште поблиску до епицентарот и се наоѓа подлабоко во заливот, постои основано сомневање дека и таму се случиле сериозни штети, пишува специјализираниот портал „Воената зона“.

Поради лошите временски услови и ограничен пристап до сателитски снимки, сè уште не е јасно кои подморници биле во база, а кои на море. Не се знае дали дел од флотата била во ремонт со отворени системи, што би ја направило ранлива на навлегување вода.

Молчењето на Москва за ова прашање не е изненадувачкo. Руските власти традиционално не објавуваат информации поврзани со безбедноста или можни инциденти поврзани со нуклеарно оружје. Министерството за одбрана сè уште не коментирало за оперативниот статус на поморската база или за потенцијалните последици од разорниот земјотрес.

Извор: Вечер