Тетовската полиција бележи два случаи на каснати од бездомни кучиња. Во едниот од нив каснато било дете, а случајот го пријавил таткото.
-Четириесет и тригодишниот тетовец Б.А. вчера во 14:30 часот во СВР тетово пријавил дека на улица „Димо Гавровски-Кара” во Тетово неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, информира СВР Тетово.
Втората пријава е исто така вчера. Педесет и двегодишната Л.Н. во СВР Тетово пријавила дека во парк на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово била касната од куче скитник.