Сè се случило на 23 декември, а жената наводно го удрила и плукнала 80-годишникот.
За инцидентот е уапсена Патриша Корнвол (51).
„Стави маска“, му викнала таа на човекот, носејќи ја и самата нејзината маска под брадата.
Мажот одговорил дека не мора да носи маска бидејќи јаде, а потоа ја навредувал, по што жената го удрила и плукнала.
Полицијата и ФБИ, според написите, одбилa да го потврди идентитетот на жената, а не е познат ниту идентитетот на нападнатиот маж.
Полициската управа на Атланта во соопштение извести дека полицајците го дочекале летот и ја привеле жената.
Нејзиниот адвокат пред судот потврди дека таа е во затвор од 23 декември.