Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Надлежните соопштија дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 09.15 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија”, управувано од Ѓ.Х.(66) од Скопје и патничко возило „даеву матиз”, управувано од С.М.(63) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.