ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.П.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 19.10.2022 во Струга, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин.