Денеска, во раните утрински часови се случила трагедија во Косово.
Според полицијата, убиена е жена по потекло од Аргентина. Жртвата престојувала кај швајцарски државјанин, кој е осомничен за нејзиното убиство.
Граѓанка на Аргентина паднала од шести кат во хотелот, а постои сомневање дека маж ја турнал.
Полицијата го привела осомничениот.
Основниот суд во Приштина на осомничениот веќе му одреди едномесечен притвор за кривично дело убиство.