По контроверзното интервју на Данела Арсовска каде изнесе невистини околу наводните закани од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, со свој коментар се јавија и жените од ВМРО-ДПМНЕ кои изнесоа свое мислење околу Христијан Мицкоски, нивниот професионален однос и соработка.

Според нивните коментари, изјавата на Данела Арсовска се коси со карактерот на културата на претседателот Мицкоски. Тие пишуваат дека однесувањето, зборувањето и мислењето на лидерот Мицкоски се на највисоко ниво и создаваат високо ниво на внатрепартиска демократија која е столб за развој на една партија и држава, пишува Маја Кадиевска и додава дека токму овој човек ја преземал одговорноста за партијата во моменти кога било најтешко и ја вратил на победничките патеки.

Со свој коментар се јави и Жаклина Пешевска која е децидна дека зборовите кажани од Данела Арсовска се измислица.

Како жена која што ја предводи најголемата политички организирана структура на жени во Македонија можам да кажам дека изнесените тврдења за некакви закани се комплетна лага и измислица. Впрочем претседателот Мицкоски секогаш давал огромна поддршка во борбата за правата на жената, а како човек кој има лично искуство од тимската работа во партијата и директна соработка со Претседателот на партијата можам да посведочам дека тоа што го соопшти Арсовска не е дел од неговата култура, ниту пак е карактерна особина на претседателот Мицкоски, нешто што пак не можам да го кажам за г-ѓата Данела Арсовска, пишува Пешевска.

И Гордана Димитриеска-Кочоска зазема став на оваа тема. Во својата објава таа вели дека тоа никогаш не може да бидат негови зборови, знаејќи го долги години наназад.

Долго време работиме заедно. Прво во АД ЕЛЕМ, потоа и во ВМРО-ДПМНЕ. И кога толку долго работите заедно ги учите сите доблести и маани кои што ги имаат вашите соработници или претпоставени.
Е затоа денес не можам да не се изнасмеам на текстот дека претседателот Мицкоски се заканил на некого. Нивото, културата, воспитанието, секојдневното однесување, начинот како реагира кога јас сум нервозна и милион други работи покажуваат дека тоа никогаш не може да бидат негови зборови.
Не се случило да искритикува некого, ниту пак да навреди. Кога друг ќе даде таков коментар тој само вели: Научи се да живееш со слабостите на другите луѓе и движи по својот пат. Времето е најголемиот сојузник кој ќе покаже кој е во право а кој е крив., пишува Димитриеска-Кочоска.

На оваа тема напиша и Марија Митева која ѝ се обраќа на Арсовска и вели дека кога ги нема резултатите, поддршката лажно ја претвори во наводни закани.

Кога конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО ја добиваше поддршката, кога конкретно, лично и директно ја бараше поддршката тогаш приказната беше поинаква. Кога конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО ти беше посочено дека ќе требаат промени, работа и резултати, беше сигурна дека менаџер како тебе не ни знае поинаку.
Е сега, конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО кога ги нема резултатите, поддршката лажно ја претвори во наводни закани. Со насмевка на лице презентираш скандалозни наводи, мора да признаеме ако не во работа, барем во манипулација си неприкосновена., пишува Митева.