Скопјанки се степале во стан.
39-годишна жена пријавила во полиција дека во нејзиниот дом ја нападнала 33-годишна сограѓанка. Како што соопшти полицијата, тие претходно се расправале.
„На 15.05.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Н.Ш.(39) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во нејзиниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од И.Р.(33) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Последниве неколку месеци во полициските билтени беа регистрирани повеќе женски тепачки.