Македонската женска фудбалска репрезентација славеше победа против Косово со 3-1 (2-1) на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран синоќа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонските фудбалерки до триумфот дојдоа со пресврт, откако косовска репрезентација поведе со голот на Блерта Шаља од пенал.

Ленче Андреевска во 19 минута и Хана Мустафа седум минути подоцна донесоа предност за Македонија до крајот на полувремето, а печат на победата стави Андреевска во 62. минута со својот втор гол на натпреварот.

Двете репрезентации в понеделник во Приштина на стадионот „Фадиљ Вокри“ со почеток во 19 часот ќе го одиграат вториот контролен натпревар.