Сабина Ајрула-Тозија е родена на 17 април 1946 во Скопје. Таа во „Патот до успехот“ зборува како ја запишале во градинка за да го научи македонскиот јазик. До второ, трето одделение го усвоила. За да го усоврши со внука и Нарцис зборувале постојано, па со тек на време останале на него. Таа вели дека „Израснав во времето на еснафот“, растела во „мешано маало“ и „Немавме предрасуди. Сите луѓе беа еднакви“.

За љубовта кон театарот била инспирирана од нејзниот постар брат кој бил актер, па ги носел со Нарцис во театар од 6-годишна возраст, или како што вели Сабина, им створил навика за тетар. Директен повод за да оди во тетар била Светлана Шопова со која работели драми и драмолетки. Тозија завршила средно економско и за рецитација на „Сончева колона“ од Блаже Конески добила републичка награда.

Се запишала на Економски факултет бидејќи не била отворена актерската академија и по две години напуштила за да си го следи срцето и стане актерка. Не зажалила никогаш.
Како сопруга на поранешниот македонски абмасадор во Италија, Љупчо Тозија, живееше во Рим три години. Таа засекогаш ќе биде запаметена како женскиот бард на мадеонското глумиште, бескрупулозната докторка Вера Перкова во „Сенки“ и нејзината улога во „Величенствениот султан“.

Таа работела во „Драмски театар“ за кој вели дека бил авангарда на авангардите

Нејзината смрт беше обележана од колегите, обожавателите и почитувачите:

Една од првите која се прости од неа беше актерката Весна Петрушевска која преку својот Инстаграм профил упати големо жалење за загубата.

-Си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна,достоинствена🙏🏻🙏🏻❤️со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав❤️ама многу❤️прекрасница❤️моето најдлабоко сочувство @vardantozija Vardan Tozija ти и беше целиот свет❤️глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина❤️тага❤️, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.

„За твојот 40ти роденден, во бифето на Драмски театар, после претставата, ти отпеав песна за тебе што ти ја напишав како подарок. Додека ти ја пеев со гитарата, ја имаше истата оваа насмевка, која нема никогаш да ја заборавам. Збогум Сабина…“, напиша актерот Игор Џамбазов на својот инстаграм-профил.

„Родена глумица со раскошен повеќедецениски репертоар на сцената и на филмот. Од Фатиме до Вера, до грандиозните турски продукции. Сабина, дама и пријател. Ретка ѕвезда на нашите простори.
Сабина Ајрула Тозија (17.04.1946 – 10.08.2021)“, објави министерката за култура Ирена Стефоска.