(ЖЕШКО ИНТЕРВЈУ) Жоро: Ковачевски е заложник на Артан Груби и Румен Радев
– Премиерот Димитар Ковачевски е заложник на Артан Груби и на Румен Радев. За случајот Пендиков ни раскажуваше Ковачевски дека се работи за тепачка за дрога, Бујар Османи бил на скијање па отишол до Софија да го посети во болница. – ова се само мал дел од шокантните информации кои ова утро за Радио Лидер ги откри доскорашниот заменик министер за локална самоуправа Зоран Димитровски Жоро за Радио Лидер, во неговото прво појавување во медиумите по оставката.