Врие во Судскиот совет, доцни седницата којашто беше закажана за во 11 часот а на која на дневен ред беше предвидено да се избира нов претседател откако вчера дел од членовите на чело со Селим Адеми на контроверзен начин ја разрешија претседателката, Весна Дамева.
Според неофицијални информации, членовите се внатре на колегиум, но јавноста се уште не е повикана на седница.
Според информациите оттаму внатре вриело.
Од горе се слушала галама и викање, а според последните информации во 13 часот ќе почне седницата.
Вчера членовите на телото кое избира и разрешува судии и ја контролира нивната работа со часови се обвинуваа и караа што на крај резултираше со разрешување на Дамева за кое стручната јавност апелира дека било незаконско.