Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е повисок за 2,71 метри од повеќегодишниот просек за декември, а на Охридското за 3 сантиметри, додека нивото на Преспанското Езеро е за 1,55 метри пониско од просечното. Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е 3 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).
Повисоко од просечното е и нивото на речиси сите реки во земјава и бележи благо зголемување или намалување во споредба со вчера.