Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 3,6 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 4,3 отсто.
Зголемување е забележано кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и алкохолните пијалаци, а кај другите земјоделски производи е забележано намалување.