Зголемување на онлајн уцени алармира ФБИ и британската Национална агенција за криминал

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Националната агенција за криминал на Велика Британија алармираат за зголемување на онлајн уцени на деца и тинејџери. Оваа појава е поврзана со сексуални предатори кои ги користат интернет платформите за злоупотреба. Компании како „Снепчет“ и „Фејсбук“ пријавиле повеќе од 9.600 случаи во Велика Британија за само шест месеци минатата година. Во меѓувреме, Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД (NCMEC) регистрирал 546.000 пријави од технолошки компании ширум светот, што претставува зголемување од 192% споредено со претходната година.

Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) ја започна најобемната кампања досега, насочена кон предупредување на наставниците, родителите и децата за ризиците од изнуда. Во овие случаи, малолетните жртви се уценуваат да споделуваат експлицитни снимки преку интернет, што претставува сериозна закана за нивната безбедност и психолошко здравје.