Нема видливи траги на насилство, наредена обдукција
Жена со иницијали М.Н, на возраст од 52 години била пронајдена почината во скопската населба Гази Баба, вчера околу 17 часот. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.
Жена пронајдена почината во домот каде живеела
Според првичните информации, екипа на Итната медицинска помош извршила увид и констатирала смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Извор: Курир