Андреј Жерновски неуспешен дипломат, неакредитиран амбасадор, очаен градоначалник, кој нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и меѓународните политики на Владата, поради тоа што паметиме дека додека тој беше заменик министер за надворешни работи во владата на Заев, државата го промени името. Ако тоа е успех, нека му служи на чест.

Но, Жерновски денеска иронично говори дека Македонија ќе ги задржи младите дома, поради паузата на САД за имигрантските визи.

Жерновски вака не беше хумористичен кога добиваше по 1.000 евра месечно како проектен менаџер за изградба на Клиничкиот центар во Штип, за којшто беа обезбедени средства од минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но СДС не успеа да ја изгради.

Изгледа тогаш му одговарало на Жерновски да го полни својот џеб од парите на граѓаните, а притоа ништо да не работи.

Жерновски, како Заев и Филипче, треба да биде во минатото на политиката, а не „ново лице’’ на СДС.