Физичка пресметка меѓу две групи го вознемири селото Огњанци

Денеска (06.08.2025) околу 00:30 часот во СВР Скопје била пријавена физичка пресметка меѓу две групи на влезот во село Огњанци, скопско. По претходна расправија, конфликтот се случил меѓу Н.Р.(49) и А.Р.(48) од една страна, и Б.Ќ.(33), Р.Б.(19), И.Б.(19) и Р.Б.(40) од друга страна, сите жители на село Огњанци.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.