Жител на Дебар го загуби животот денеска претпладне откако паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни задачи. Од здобиените тешки повреди, тој починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Пријава до полицијата и итната помош
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11:35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. С. (40) од Дебар.
Пад од објект во изградба
Според пријавеното, несреќата се случила околу 11:15 часот, кога лицето паднало од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што работело. И покрај укажаната медицинска помош, повредите биле фатални и тој починал за време на транспортот кон болницата.
Извршен увид на местото на настанот
На местото на несреќата излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Дебар. Според информации од жители на градот, станува збор за нивен сограѓанин кој работел на поставување врати и прозорци на објектот, а тие го опишуваат како добро и вредно момче.
