Општина Струга презема засилени мерки за надминување на проблемот со загадената вода за пиење, соопшти Градоначалникот Менди Ќура.
Жителите веќе една недела не можат да ја користат водата од градскиот водовод.
Од чешмите тече заматена и темнокафеава вода, поради што е изречена забрана за нејзино пиење и употреба.
Градоначалникот Ќура најави дека утре (16 февруари) приватна стручна институција од Скопје, ангажирана по негова иницијатива, ќе спроведе детални анализи за утврдување на причините за загадувањето.
Како можни причини се разгледуваат интервенции во заштитната зона на извориштето или природни фактори, но конечните заклучоци, како што посочи, ќе произлезат по завршување на стручните испитувања.
