Жичарницата од утре (01.11.2023 год), ќе работи по зимен режим, односно од 10 до 17 часот, информираат од ЈСП.

Во период 16-16.30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември-март.

И натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот.