Планови за изградба на жичница и заживување на комплексот „Македонско село“
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, откри планови за изградба на втор дел од жичницата од Капиштец до врвот на Водно, како и заживување на комплексот „Македонско село“.
Загуби и потенцијал за „Македонско село“
Томовски истакна дека од 2019 година, комплексот „Македонско село“ не функционира, што предизвикало значителни финансиски загуби.
-
„Од 2019 година до сега, поради неактивноста на комплексот и ненаплатената кирија, како и трошоците за обезбедување и осигурување, државата изгубила повеќе од 20 милиони денари,“ изјави Томовски.
Сепак, тој посочи дека постои значителна заинтересираност за управување со комплексот.
-
„Кога првпат споменав дека сакам да го заживеам селото, имаше многу заинтересирани. Ако претходно не било исплатливо, зошто сега има толку многу заинтересирани да управуваат со тој објект?“ рече Томовски.
Комплексот се состои од 12 засебни куќички со капацитет од 120-150 места за сместување, два ресторани и една винарија или кафе бар, што според Томовски, го прави потенцијално профитабилен.
Почетна сума за „Македонско село“
Томовски најави дека почетната сума за комплексот ќе изнесува 240 милиони денари.
„Направивме проценка на имотот и нема да го издаваме како јавно приватно партнерство. Ќе му го предадеме објектот на економскиот оператор со нашата замисла, а тој ќе стопанисува комплетно со него. Почетната сума според проценките ќе биде 240 милиони денари, а потоа може да се наддава,“ објасни Томовски.
Изградба на втор дел од жичницата
Томовски објасни дека изградбата на вториот дел од жичницата е во план, што ќе го поврзе Капиштец со Средно Водно.
„Проектот за вториот дел од жичницата е во надлежност на Министерството за транспорт и врски и ќе се гради од ‘Св. Јован’ во Капиштец до Средно Водно. Така ќе го поврземе градот со врвот и Средно Водно,“ објасни тој.
За вториот дел од жичницата е во надлежност на Министерството за транспорт и врски и ќе се гради од ‘Св. Јован’ во Капиштец до Средно Водно. Така ќе го поврземе градот со врвот и Средно Водно.
Овие проекти, според Томовски, ќе придонесат за подобрување на туристичката понуда и инфраструктурата во Скопје.