Техничкиот премиер Талат Џафери го достави предлогот за разрешување на министрите од Алијанса за Албанците и денеска се најдоа како прва точка во Собранието.

Тачи не ги штедеше критиките кои ги има да ги упати на контото на неговиот поранешен сопартиец, Зијадин Села. Поранешните сопартијци од редовите на ДПА, се поделија па така настана Алијансата за Албанците.

Како некогаш што во ДПА имаше раскол сега така има и во Алијасна за Албанците. На денешната седница се разрешуваа двајца од тековните министри од редовите на оваа партија. Станува збор за Фатмир Меџити и Азир Алиу, а на нив им пресуди дадената поддршка за Арбен Таравари којшто е предводник кон албанскиот опозициски блок.

Тачи денеска дојде во собраниската зграда, но појасни дека нема да гласа.

Дојдов, но нема да гласам. Зијадин Села повеќе не заслужува да постои на политичката сцена. Тој е обичен криминалец и измамник“, рече Тачи.

Лидерот на ДПА рече дека не го интересира ако власта нема мнозинство за гласањето.

Халил Снопче од редовите на Алијансата на Албанците вели дека ова е обид на СДСМ и ДУИ самоиницијативно да го тргнат крилото на Таравари. Критики упатува директно кон Артан Груби. Аднан Незири пак, е против Снопче. Вчерашниот собир го гледа како „Нелегитимен“.

Во меѓувреме, Арбен Таравари се повикува на поддршката на членството и делегатите. Вчерашниот собир во Куманово покажа голема поддршка од членството, а утре пак се собира Зијадин Села којшто се повикува на процедурите.

Кренар Лога застана на страната на Села, а вчерашниот собир во Куманово низ неговата призма е само „собир на граѓани“. Денеска треба да се разрешат Фатмир Меџити и Азир Алиу, а на нивно место би биле избрани Илир Демири и Наим Бајрами.