Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево на прес-конференција си даде оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово.

На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати.

На вчерашните избори, Алијанса за Албанците не освои ниту еден мандат во Советот на Општина Тетово.