Сообраќајот се одвива по влажни коловози, без задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта во земјава денеска се одвива во зимски услови, а коловозите се влажни, информира Авто-мото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Особено внимание се советува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од појава на одрони.

Посебен совет за внимателно возење се упатува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде условите можат да бидат поопасни.