Зимските служби во Кавадарци се мобилизирани поради снегот, информираа претпладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
– Во Кавадарци снегот воопшто не нè изненади. Зимските служби на општина Кавадарци од рано утрово се мобилизирани на терен и тоа еден камион е низ градското подрачје и го чисти снегот од улиците, тротоарите и другите површини, а друг е упатен кон горните села и интервенира таму.
Се грижиме за непречено движење на секој жител и за безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Бидејќи метеоролозите за наредните денови најавуваат обилни врнежи од снег, од кабинетот на Јанчев апелираа до граѓаните да избегнуваат движење на повисоките места, доколку тоа не е неопходно, за да не дојде до несакани последици.