Летното сметање на времето ќе заврши во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври 2026 година. Во 03:00 часот стрелките на часовниците ќе бидат вратени на 02:00 часот, со што официјално ќе почне зимското сметање на времето.

Поради поместувањето на часовниците, таа ноќ ќе спиеме еден час подолго. Промената ќе донесе посветли утра, но и значително порано стемнување во попладневните и вечерните часови.

Годинашниот премин на зимско сметање на времето е специфичен бидејќи се случува на 25 октомври, што е најраниот термин за оваа промена од 2014 година.

За споредба, во 2024 година стрелките на часовниците беа вратени на 27 октомври, додека во 2025 година преминот на зимско сметање на времето се случи на 26 октомври.

Иако со години се водат расправи за укинување на сезонското поместување на часовниците, Европската комисија во март 2026 година го објави официјалниот распоред за летното и зимското сметање на времето до 2031 година.

Според објавениот план, во 2027 година часовниците ќе се вратат на зимско сметање на времето на 31 октомври, во 2028 година на 29 октомври, а во 2029 година на 28 октомври.

Во 2030 година преминот е предвиден за 27 октомври, додека во 2031 година стрелките ќе бидат вратени еден час назад на 26 октомври.

Календарот покажува дека по раниот термин годинава, датумот за преминување на зимско сметање на времето повторно постепено ќе се поместува кон крајот на октомври.

Во Македонија правилото останува непроменето. На 25 октомври, во 03:00 часот наутро, часовниците треба да се вратат на 02:00 часот.