На 17 овој месецт, во својот дом во селото Рашче, обвинетиот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при претрес на домот.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице за кое не постојат околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото.