Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода – реагираат жителите преку соопштение испратено до медиумите.
Тие велат дека ова е сериозен проблем со кој се соочувааат, секој ден се жалат до надлежната општина Ѓорче Петров, , но одговор нема.
-Последниот пат не избркаа од општината. Тука живееме и има над 200 куќи – коментираат тие посочувајќи дека медимуте им се последната надеж за да се направи притисок до општина Ѓорче Петров за решавање на овој горлив проблем.