Жителите на с. Кучково утре, во недела (08.08) со почеток во 11 часот ќе одржат протест – блокад.
-Веднаш после нашите реакции во медиумите дојдоа лица од општината ветија дека до “утре” ќе се пушти вода и пак ништо. Протестот ќе биде на самото средсело кај чешмата спроти продавницата. Мораме на било каков начин да направиме напор за решавање на овој проблем, зошто во 21 век живееме како да сме 19 век, велат тие.