Живинарските фарми со допис до Владата и известување до надлежните, први се побунија против мерката за намалување на цените за 10 отсто за 25 производи, меѓу кои и јајцата.
Велат дека живинарските фарми ќе бидат пред колапс, ако не се ревидира одлуката и дека тоа може да доведе да нема доволно домашно проиозводство
Тие објаснуваат дека како основа за пресметка се земала летната цена која не е релна таква да остане до крајот на годината. Според тоа, ќе мора да го намалат бројот на кокошки и да се намали бројот на јајцата на рафтовите
Асоцијацијата бара заеднички со Владата да се седне на маса за да се утврдат реалните цени на годишно ниво.
Извор: Faktor.mk.