Амал Клуни блесна синоќа на гала-настан во Лондон, каде што целокупното внимание на присутните беше насочено кон нејзината неверојатна модна креација.

Амал Клуни во златен фустан

Во британската престолнина синоќа се одржаа престижните награди „Албис“ (Albies Awards), при што на свеченоста присуствуваа бројни познати светски личности. Јавноста повторно беше фасцинирана од познатата двојка која веќе подолго време важи за синоним за врвен моден стил на јавните настапи.

Џорџ и Амал Клуни во Лондон

Џорџ и Амал Клуни беа забележани како едни од највпечатливите гости на настанот. Познатата адвокатка за човекови права уште еднаш покажа беспрекорен вкус и се појави во исклучително гламурозно издание на црвениот тепих.

Амал Клуни на гала-вечерта

За оваа пригода таа избра златен фустан потпишан од реномираната италијанска модна куќа „Гучи“. Фустанот совршено ја следи линијата на телото, нагласувајќи ја нејзината витка фигура. Креацијата се одликува со спуштени раменици, со што на впечатлив начин се спојуваат модерниот гламур и класичната софистицирана елеганција.

Модната комбинација на Амал Клуни