Главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев реагира на обвинувањата од првиот човек на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Не му одговарам на Димче, затоа што е прочитан како буквар, со ова што го пишувам одговорам на јавноста.
Во продолжение ви го претставуваме неговиот статус:
Рускиот платеник Димитар Апасиев повторно ме споменал и ме нарекувал со погрдни зборови, очигледно во дослух со неговата партнерка Данела Арсовска.Не му одговарам на Димче, затоа што е прочитан како буквар, со ова што го пишувам одговорам на јавноста.
Информацијата дека тој гласал за да обезбеди кворум, не е информација на Лидер и на Љупчо Златев, туку е соопштение на ВМРО-ДПМНЕ пратено до сите медиуми.
Ние само сме пренеле, како медиум кој го пренесува сите релевантни политички субјекти.