Како дел од посетата на Тирана, каде албанскиот премиер Еди Рама ги собра претставниците од албанските партии од Македонија, лидерот на ДУИ и придружбата го посетиле и Културниот центар на Македонија во Тирана, со кој раководи еден од Заевите директори, Златко Ориѓански. Музичарот со гордост зборува како го угостил „господинот Али Ахмети“ и дека тој ја почитувал неговата работа во Албанија.

11 јануари 2023, фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вицепремиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети.
Имавме прекрасен и длабок разговор на многу теми, вклучително и нашиот пат кон Европската унија. Благодарам на посетата и големата почит кон мене и мојата работа овде, пишува тој.