Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оствари прва официјална работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. На состанокот беше разговарано за севкупните економски релации меѓу двете држави.
„Разговаравме за досегашната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на економските и трговските односи, инвестициите и можностите за нивно натамошно унапредување. Обединетото Кралство е значаен трговски партнер и еден од позначајните странски инвеститори во нашата земја“, истакна Димитриеска Кочоска.
Стратешкото партнерство претставува цврста основа за континуирано продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, јакнење на меѓусебните економски врски и отворање нови развојни можности за инвеститорите.
„Продолжуваме да градиме партнерство засновано на доверба, континуиран дијалог и заедничка посветеност кон унапредување на билатералните односи и создавање подобар економски амбиент за граѓаните и компаниите“, посочи Димитриеска Кочоска.
