Над 3.000 тестови спроведени, речиси сите спортисти биле проверени
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина поминаа без ниту еден регистриран допинг случај. Според официјалните податоци, ниту еден спортист не бил позитивен на тестирањата спроведени за време на натпреварите.
Во текот на Игрите биле анализирани повеќе од 3.000 примероци, земени од речиси 2.000 учесници. Притоа, сите тестирања завршиле без утврдени прекршувања на антидопинг правилата.
Прв ваков резултат по повеќе од две децении
Ова е првпат по Зимските олимписки игри во Јапонија во 1998 година да нема ниту еден позитивен допинг тест. Со тоа, настанот претставува значаен момент во контролата на недозволени супстанци во спортот.
Претходно беше објавено дека 92 проценти од натпреварувачите биле тестирани најмалку еднаш во шесте месеци пред почетокот на Игрите.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за тестирање, Бенџамин Коен, ја оцени програмата како најсеопфатна досега.
„Најобемната програма што некогаш е преземена“, ја опиша Коен програмата за тестирање.
