Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе изнесува девет.
Во Скопје, сончево со мала облачност попладне. Ќе дува слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени.
До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи