Зоран Заев и Ковачевски ја поскапe струјата, Душко Заев ќе профитира, се вели во соопштението на ВМРО ДПМЕ.

Во продолжение соопштението

Зоран Заев додека беше на власт, и сега Димитар Ковачевски систематски ги уништуваат домашните капацитети за производство на струја. Хидроакумулациите ги пресушија, а РЕК го оставија без јаглен. За сега во сред енергетска криза Македонија да треба да ги покрива и до 50% од своите потреби на струја од увоз.

И откако СДСМ енергетски ја опустоши Македонија, Заев, преку неговиот син Душко Заев, отвора фирма за трговија со струја.

Заеви сега ќе печалат на грбот на народот, сите ќе плаќаат поскапа струја за менторот на Ковачевски Заев да ниже профити.

Затоа СДСМ не сака предвремени избори, затоа што ќе не може бизнисите на нивниот ментор да профитираат на грбот на народот.