Тој рече дека понесува одговорност за изборните резултати.

На прес-конференцијата господинот Зоран Заев најави поднесување на оставка од функцијата премиер на владата на Република Макеоднија и местото на претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

– Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегреирана Северна Македонија. Ја преземам одговорноста. Им честитам на сите избрани градоначалници и советници. Воопшто не е тешко заминувањето од политиката. Сум донел слбоода и демократија во нашата земја, тоа значи и преземање на одговорност. Сакам да оставам печат народот да се учи и расте во демократски капацитет. Можеби не сум во право, ќе покаже времето, ред е граѓаните да поддржуваат политичари кои можат да носат тешки и храбри одлучи, без да се водат од политичкиот рејтинг или за својата фотеља. Јас ја преземам одговорноста за лошите резултати, кажа Заев.

Тој остана на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.