„Никола Груевски беше добар министер за финансии“, започнува Георгиевски на денешното гостување на Радио Лидер каде дискутираме за тековните актуелности по преписките на релација Мицкоски – Груевски, но и за другите жестоки политички прашања.

На прашање „зошто Георгиевски го одбрал Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, Георгиевски вели дека Груевски бил добар министер за финансии. Тој дава пофалби за Груевски за неговото раководење со финансиите, а вели дека бил изненаден од неговите ангажмани со историјата.

Никола Груевски беше добар министер за финансии, започнува Георгиевски.

Тој моменталната ситуација на Груевски ја споредува со неговата.

Во голема мера сега се склучуваат истите работи како што се случуваа меѓу мене и Груевски. Се што ми направи тој на мене сега му се случува и на него, додава Љубчо Георгиевски.

Гостинот потсетува на референдумското прашање кое според него е манипултивно и објаснува за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта беше да се разбуди чувството на самостојност кон Македонија, вели Георгиевски и обвинува за српската пропаганда во Македонија во 90-те години.

Тој ги обвини луѓето во дијаспората во овој период.

Кога ги добивме првите македонски пасоши. Одам во Канада, во 10 града. Во секој град главното прашање беше како еден пасош може да биде 50 марки, ние првпат добиваме наши пасоши. Главното прашање им беше колку чини пасошот“?, дава ретроспектива Љубчо Георгиевски.

Георгиевски потсети дека при одбирањето на Груевски имало три останати кандидати, а тоа биле: Љубе Бошковски, Ганка Цветанова и Марјан Ѓорчев.

А пропо на ова, Георгиевски потсети на вчерашното интервју на Груевски каде тој го обвини него за мешање во „кадровските решенија“.

Тоа беше моите кадровски решенија за кои зборува Груевски, вели Георгиевски.

Додава за тогашниот избор меѓу Марјан Ѓорчев и Никола Груевски.

Факт е дека Марјан Ѓорчев ќе победеше кога Никола Груевски стана претседател., вели тој.

Георгиевски се осврна на Груевски и тековната ситуација.

Никола Груевски се лути, навреден е. Тој мене се обиде да ме избрише од историјата на таа партија, заклучува Георгиевски и потенцира дека Ванчо Михајлов е континуитет на старото ВМРО.