Тишина наместо доверба – зошто тинејџерите молчат пред родителите кога најмногу им е потребна поддршка

Зошто тинејџерите молчат пред родителите, дури и кога се очигледно вознемирени, затворени или осамени? Според психолозите, причините се подлабоки од бунтовност или фаза на развој. Истражувањата и практиката во семејна терапија укажуваат на две најчести причини за ова однесување: страв од осуда и недостиг на емоционална поврзаност.

Родителите често се обидуваат да бидат вклучени, но наместо разговор, наидуваат на ѕид. Од друга страна, децата, дури и кога страдаат, не сакаат да споделат. Тие имаат свои причини  од претходни негативни искуства до внатрешна несигурност.

Стравот од критика ги замолчува младите

Тинејџерите често избегнуваат да зборуваат со родителите затоа што очекуваат негативна реакција. Ако порано биле осудени, казнети или исмеани кога се обиделе да се отворат – создаваат механизам на одбрана преку тишина. Повеќе им одговара да молчат отколку да бидат ранливи.

Дури и кога родителите мислат дека нудат „совет од искуство“, ако истиот е придружен со осуда или минимизирање на проблемот („тоа не е ништо“, „и ние така сме поминале“), кај тинејџерот се гаси желбата за комуникација. Чувството на безбедност исчезнува, а со него и довербата.

Недостигот од вистинско слушање ги оддалечува

Кога млад човек има чувство дека никој не го слуша, не на вистински начин тој се затвора. Активното слушање значи да се даде време, простор и трпение без прекинување и пресуди. Многу родители брзаат со решенија, совети или забелешки, што кај тинејџерот предизвикува дополнително повлекување.

Покрај тоа, адолесцентите тежнеат кон независност. Ако добијат впечаток дека се третирани како неспособни, тоа ги прави уште пооддалечени.

Совет од експертите: Родителите треба да создадат секојдневен простор за ненаметлив разговор. Без критика, без набрзина дадени совети – само присутност, трпение и емпатија. Само така ќе ја вратат довербата и ќе разберат зошто тинејџерите молчат пред родителите – и што можат да направат за да ги отворат.