Зошто во владата никој не носи маски? – Ковачевски крши протоколи, и го загрозува јавното здравје, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Иако на сила се протоколите за носење на маски во затворен простор, а тоа е и услов за влез во затворени објекти, Ковачевски исто како неговиот шеф Заев се става на законите и протоколите. И додека Заев се возеше со мотори во време на карантин, Ковачевски организира седници без маски и без дистанца, велат од партијата.
Од таму додаваат дека Ковачевски е опасност по здравјето на граѓаните. Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски, како одговорно лице и организатор. Одговорност мора да има.