Вардар тргна со два гола во мрежата на противникот, кој потоа ја презема контролата на мечот во свои раце и избега на пет гола разлика (7-2), но „црвено-црните“ до полувреме намалија на еден гол негатива (11-12).
Македонската екипа во вториот дел стигна и до пресврт (21-19), но повторно следеше одлична серија од домаќинот и предност од 26-22. Сепак, Вардар со одлична завршница и четири гола по ред стигна до 26-26.
Стеверник беше најефикасна во домашната екипа о шест гола, колку што постигна и Диневска за екипата на Вардар.