– Во време кога секој ден десетици луѓе починуваат од компликации од вирусот, на Шилегов најголема грижа му се болестите на зелените површини. Истите оние зелени површини кои како градоначалник ги запостави и девастираше изминативе три ипол години.Граѓаните секојдневно се соочуваат со загуба на човечки животи, со стотици новозаразени секој ден, со поскапени режиски сметки и прехрамбени продукти, а Шилегов брутално се расфрла со парите на скопјани. Граѓаните се борат со финансиската криза, не ретко една маска се носи и по неколку дена, парите не стигаат и за средства за дезинфекција и за витамини и за поздрав начин на исхрана кој помага во зајакнување на имунитетот, рече таа.

Советничката посочи дека градоначалникот, „таткото” на скопјани Шилегов наместо да распише тендер, да набави заштитни средства и да ги подели бесплатно на ранливите категории граѓани, дава еден милион денари на партнерот на Царовска за снимање на зеленилото од дрон?!?

– Скопје се гуши во смет! Парковите низ Аеродром се обраснати со трева и запуштени, Вардариште во Гази Баба е депонија скоро рамна на Дрисла, преполни контејнери во Кисела Вода и во Центар. Шилегов не знае како да ги заврши основните задолженија како прв човек во Скопје, но затоа знае точно како да ги потроши парите на граѓаните за апсолутно непотребни работи во овој момент. Во услови на пандемија, илјадници деца сеуште немаат соодветни уреди за да ја следат наставата од дома. Шилегов наместо да размисли како да им помогне и да пренамени средства за купување на таблети или лап-топ компјутери, тој распиша тендер за дронско снимање на зелени површини, додаде Жугиќ.

Таа ја повика Државната комисија за спречување криминал да го испита случајот со тендерот за дронско снимање на Шилегов, каде добитник на истиот е партнерот на министерката Царовска.

– Одговорност мора да има. Петре Шилегов, твојата некадарност и негрижа нанесува непоправлива штета на скопјани и Скопје. Расфрлањето со нашите пари во услови на тешка пандемија, никогаш нема да ти го простиме!, заврши советничката во Советот на Град Скопје.