Компанијата „Мета платформс“, која ги поседува социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап објави дека ќе отпушти 13 проценти од своите вработени. „Мета“ има 87.000 вработени на глобално ниво, што значи дека намалувањето на работната за 13 проценти ќе значи отпуштање на дури 11.000 вработени.
Американскиот весник „Волстрит џурнал“ пишува дека информацијата ја соопштил извршниот директор на компанијата, Марк Зукерберг, пред стотици раководители. Весникот, повикувајќи се на извори, додава дека Зукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата. Тој рекол дека неговиот оптимизам за раст довел до превработеност.
Во соопштение објавено по соопштувањето на одлуката, Зукерберг отпуштањата ги нарече „најтешките промени што сме ги направиле во историјата на компанијата“.
Лори Голер, менаџерка за човечки ресурси на Мета, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месечни плата во вид на отпремнина.
Отпуштањата во „Мета“ доаѓаат откако Твитер, сега под контрола на јужноафриканскиот мултимилијардер Илон маск, отпушти половина од својот персонал од различни тимови. Сепак, отпуштањата кои ги најави „Мета“ ќе биде најголемото масовно отпуштање на вработени во технолошкиот сектор оваа година.