Со песна, тишина и емоции се простија од музичката легенда

Голем број граѓани вечерва се собраа на платото пред арената „Борис Трајковски“, каде со песна, тишина и емоции му оддадоа последна почит на македонската музичка легенда Владо Јаневски.

Собирот беше организиран од „Прагма продукција“, која претходно ги повика сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика заеднички достоинствено да се простат од уметникот.

Од продукцијата посочија дека настанот претставува можност неговите песни уште еднаш да одекнат меѓу публиката, а граѓаните преку музика, тишина и љубов да му оддадат почит на човекот чии дела засекогаш ќе останат дел од македонската музичка историја.

За многумина присутни, вечерта беше исполнета со силни емоции и спомени за еден од најпрепознатливите македонски музички автори и изведувачи.

Извор: Скопје1