Бујар Османи не може да го прифати одењето во опозиција

Со евентуално одење на ДУИ во опозиција Османи вели дека така нема да биде испочитувана волјата на албанскиот народ, а според него Мицкоски преговара со „Нелегитимни Албанци“.

Бујар Османи преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги спореди со Милошевиќ на Косово.

„Влада со нелегитимни Албанци и влада без Албанци е еден ист концепт. Јас ви велам – Милошевиќ го правеше тоа во Косово. Рахман Морина го стави претседател на Косово, а Албанците велеа – кој ти е овој?“, рече Османи.

Закани за гнев кај Албанците

Бујар Османи се закани дека Албанците ќе бидат гневни, а ќе се „отворат теми кои не се потребни“. Останува прашањето што сакаше да најави Османи и кому да му се закани со „нови прашања кои се отвораат како непотребни“.

Ова ќе ги разгневи сите Албанци, заради тоа што тие ќе почнат да чувствуваат дека веќе нивниот глас не важи, дека е ништовен, и тоа ќе отвори многу теми а такви теми не ни се потребни“.

Распределба на пратеници

Со 13 пратенички мандати во новиот собраниски состав Коалцијата „Вреди“ прогласи победа во албанскиот електорат на вчерашниот двојни избори. Тие обвинија за бројни нерегуларности во текот на изборниот ден на кој, како што рекоа државните институции кои имаат задача да го гарантираат процесот, повторно се ставиле во служба на ДУИ, но и дека сето тоа е документирано и претставниците на меѓународната заедница ќе бидат известени. Според нив Европскиот фронт го бојкотираше изборниот процес на недемократски принцип и создава горчлива слика за Албанците во светот.

(АНАЛИЗА) ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ на чекор до нова влада: Со евентуално прегласување и влез на ЗНАМ можат до двотретинско мнозинство!?

Европскиот фронт предводен од ДУИ освои 19 пратеници, со што е втора политичка сила во Собранието. Со евентуалното прегласување ДУИ може да изгуби еден до два пратеника, а на нивна сметка да добијат македонските политички опции.

Ахмети бара мир и стабилност

На прашањето дали и каква опозиција би биле со оглед на резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети повтори дека треба да се почитуваат освоените гласови.

Тој порача дека, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.

Идна влада ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

По завчерашната најави од мандатарот за состав на новата владата, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до коалиција со ВРЕДИ, но и двотретинско мнозинство. Ако пратниците преминуваат во коалицијата „Твоја Македонија“, но и со евентуален влез на ЗНАМ во Владата тоа ќе бидат речиси 80 пратеници предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Постулати за соработка

Постулатите за идна соработка се: Евроинтеграции, раст на економија и владеење на правото. Сѐ уште не се разговара за поделба на ресори и распределба на директорски места. Досега на лидерски средби се разговараше единствено за општите начела на соработка меѓу коалициите, а во следните денови се очекува овие работи да се конкретизираат.

ДУИ не може да го прифати поразот

ДУИ е во постојано заседание, емоциите кај албанскиот народ се веќе вжештени и ние повеќе се обидуваме да менаџираме и да контролираме, бидејќи има луѓе кои веќе чувствуваат дека нивниот глас е ништовен. Вака министерот за надворешни работи и функционер на ДУИ, Бујар Османи, ја опиша ситуацијата, откако по изборите победничката партија ВМРО-ДПМНЕ почна разговори за состав на идната влада со Колицијата Вреди.

Нарушен принципот „Победник со победник“ – ДУИ оди во опозиција!

Став на Никола Николовски

ДУИ пред одење во опозиција по цели 16 години. Бујар Османи нервозен на прес-конференција се повикува на правилото „Победник со победник“, со арогантен тон им вели на новинарите „да ви нацртам“. Ретка слики за нашето општество, да се гледа ДУИ пред колапс.

Да разјасниме. ДУИ сега го сркаат тоа што го дробеле. Самите го уништија правилото на кое сега се повикуваат.
Мајскиот договор или принципот „победник со победник“ не постојат веќе, бидејќи ДУИ го прекршија во 2016 година. Тоа е завршена работа, одлуката на победникот во 2016, ДУИ, да не направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ го напушти тој концепт. Барањето на партнери од едната или другата страна ќе зависи од минимум принципи и од мнозинството на гласови како ќе се формира. Речиси на сите ни е јасно дека новата влада ќе биде меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција.

Како и да е, на 8 мај да излеземе и да го довршиме она што го почнавме на 24 април. Да излеземе и да гласаме против погубните анти-македонски политики. Да гласаме за ДУИ конечно да отиде во опозиција.

Боемот 2.0