Потрагата по 31 годишниот Мартин Јовановски продолжува и денеска. 14 ден активно се трага по Македонецот кој беше однесен од струите на Егејското море.

Од ОФКАТ објавија дека во потрагата денеска повторно се вклучува авион, а временските услови се подобрени.

-Денес со соработка со солунскиот аероклуб, на кој посебно му се заблагодарувам, ќе се пребарува Егејот со двојни летови. Потрагата сега е кон Егејското море и подалеку на исток, објавија на Фејсбук.

Пред два дена на плажата Катерини беа пронајдени машки шорцеви кои наликуваат на оние кои Мартин ги носел на денот на исчезнувањето во морските води.

Човекот кој ги пронашол шорцевите заплеткан во алги, ги фотографила но не ги задржал, поради што спасувачите го бараа подолго време, но не го пронајдоа.